Top Sport

Швајцарците за 13 минути ја „смачкаа“ Бугарија!

Швајцарија имаше победнички старт на квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година, откако на „Васил Левски“ во Софија им приредија вистински фудбалски кошмар на Бугарите, постигнувајќи три гола во првите 13 минути на патот до 3:1 победа. Победнички старт имаа и Данците, кои славеа со 2:0 кај Израел.

Брил Емболо ги донесе Швајцарците во водство уште во седмата минута, по што на сцена стапи фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири со две асистенции, прво до Харис Сеферовиќ во 10. минута, и само три минути подоцна до Стивен Цубер. Бугарија успеа да врати еден гол преку Кирил Десподов веднаш по стартот на второто полувреме, но на крајот резултатот остана ист.

Данска, пак, со головите на Мартин Брејтвајт и Јонас Винд стигна до рутинска 2:0 победа кај Израел.

СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Ц

Бугарија – Швајцарија 1:3

Италија – Северна Ирска 20.45 ч.

ГРУПА Ф

Израел – Данска 0:2

Шкотска – Австрија 20.45 ч.

Молдавија – Фарски Острови 20.45 ч.

Scroll to Top