Генералниот секретар на Швајцарската фудбалска федерација (АСФ), Алекс Мишер си поднесе оставка пет недели откако покрена „лавина“ реакции во оваа земја по коментарите за „бинационалните“ фудбалери.
Поранешниот пливач од Солотурн, кој го наследи сегашниот претседател на АСФ, Петер Жилиерон на позицијата генерален секретар пред девет години, едноставно не можеше да остане во федерацијата и да работи со фудбалерите чија доверба ја загуби.
Гранит Џака, кој наскоро ќе биде прогласен за швајцарски капитен, беше првиот кој се сврте кон Мишер, а минатиот понеделник, Ваљон Бехрами, при повлекувањето од репрезентацијата го критикуваше водството на АСФ.
„Жалам за сите недоразбирања и лоша комуникација со која го нарушив угледот на АСФ“, изјави Мишер.
По елиминацијата на Швајцарија од Шведска на СП во Русија, Мишер во интервју зборуваше за тактиката на федерацијата на поддршка на талентирани фудбалери со двојно државјанство со ризик тие да настапуваат за други репрезентации (Младен Петриќ, Здравко Кузмановиќ и секако, Иван Ракитиќ), но и за контроверзите кои ги предизвикаа Џака и Џердан Шаќири со гестот на „орелот“ по победата над Србија.