Тројца репрезентативци на Швајцарија добија жолти картони на синоќешниот натпревар против Костарика (2:2), а двајца од нив поради картоните ќе го пропуштат осмина-финалето против Шведска.
Швајцарија пласман меѓу најдобрите осум репрезентации на Светското првенство ќе се обиде да избори без двајца значајни фудбалери од дефанзивната линија на тимот.
Капитенот Стефан Лихштајнер и Фабијан Шер поради два жолти картони нема да бидат во составот на натпреварот со Шведска.
Овие двајца добија јавни опомени во првото коло против Бразил, а истото им се случи и синоќа на натпреварот со Костарика.
Лихштајнер „пожолте“ во првото полувреме, а Шер во самиот финиш на натпреварот, во 83.минута.
Швајцарија натпреварите во Е-групата ги заврши на второто место, зад Бразил, со една победа (Србија 2:1) и две нерешени (Бразил 1:1 и Костарика 2:2).