Швајцарската фудбалска лига (СФЛ) е одложена барем до 23 март поради корона вирусот откако клубовите ја одбија можноста да играат фудбал без гледачи.
Во Швајцарија досега има околу 20 потврдени случаи на корона вирусот, во петокот се донесе одредба со која се забрануваат сите настани на кои има над 1.000 луѓе до 15 март. Швајцарската лига по советувањето со клубовите, ги откажа сите мечеви во сабота и недела и сега ја продолжи паузата до крајот на март.
„Се разгледа и опцијата за мечеви без публика, но клубовите не го сакаат тоа поради економски причини, а имаме и доволно алтернативни решенија за календарот до крајот на сезоната“, се вели во соопштението на СФЛ.
Во Швајцарската лига има две лиги по 10 тима со просек од 11.000 гледачи во првата лига.