Најдоцна до 5 март УЕФА треба да објави во кои градови летоска ќе се игра ЕУРО 2021 со присуство на гледачи, а засега има 4 можности. Европската куќа на фудбалот засега не размислува за измена на плановите иако пандемијата на коронавирусот ги поремети календарите пред се во Ф1, во скијањето и во тенисот.
„Што се однесува до ЕУРО, кој е закажан од 11 јуни до 11 јули ништо не се променило“ рече денес портпаролот на УЕФА.
Оттаму планираат првенството да се одржи во 12 градови, во 12 држави. Засега се поткрева песимизмот дека тоа ќе е можно. Во таа насока оди и изјавата на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Швајцарија, Доминик Блан кој смета дека ваквото сценарио е тешко да се одржи пред се поради ограничувањата при патување.
Блан со оглед на актуелната ситуација смета дека ЕП треба да се игра во една држава, во Русија или Германија, па дури и во еден град.
УЕФА разгледува 4 варијанти:
„100% гледачи на стадионите, од 50 до 100% публика на стадионите, 20 до 30% гледачи или како последна опција – мечеви без публика, со здравствени протоколи во секој од овие случаи“.