Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Манчестер јунајтед, Бастијан Швајнштајгер се извини на Италијанците откако пред мечот со Македонија ги поддржа „аѕурите“, но им прати порака на Португалците да внимаваат против „цврстиот“ противник.
„Океј, изгледа не ви донесов многу среќа вчера, извинете Италија. Македонија ја победи и Германија лани. Цврст тим. Португалија треба да биде предупредена“, напиша Германецот.
Okay, seems like I didn't bring too much luck yesterday, sorry Italy ?
North Macedonia has also beat Germany last year… a tough team. Portugal should be warned. https://t.co/6zeH0oqduC— Bastian Schweinsteiger (@BSchweinsteiger) March 25, 2022