Top Sport

Швајни за Мурињо: Тој би прифатил во Баерн!

Имињата на Алегри, Тен Хаг, Рангник се споменуваа за наследници на Нико Ковач на тренерската позиција во Баерн Минхен, но се чини засега најсериозен кандидат за таа позиција е Арсен Венгер.

Многумина на кормилото на баварскиот клуб го гледаат и португалскиот тренер, Жозе Мурињо, а на истиот став е и поранешниот играч на Баварците, Бастијан Швајнштајгер.

„Можам да го замислам Мурињо во Германија. Се сеќавам дека секогаш ме прашуваше за Баерн и за Бундеслигата. За време на нашите гостински натпревари на телевизија секогаш се гледаше Бундеслига. Навистина го познаваше секој играч, а учеше и германски јазик. Верувам дека би го прифатил тој предизвик“ изјавил Швајни за „Билд“.

Португалскиот стратег му беше тренер на германскиот фудбалер додека беше на кормилото на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top