Top Sport

Швајнштајгер: Гвардиола е виновен за кризата во германскиот фудбал

Трите години кои Пеп Гвардиола ги помина како тренер на Баерн Минхен се меѓу главните причини за кризата на германскиот репрезентативен фудбал, смета поранешниот фудбалер на Баерн и Манчестер јунајтед, Бастијан Швајнштајгер, ој вели дека „традиционалните германски фудбалски вредности“ се загубиле последните 10 години.

Гвардиола пристигна во Баерн од Барселона во 2013, во времето кога Швајнштајгер беше во клубот, и освои три титули од Бундеслигата во три сезони.

„Тоа е незгодна ситуација за германската репрезентација и општо за германскиот фудбал. Имаше премногу промени. Кога Пеп Гвардиола дојде во Германија сите поверуваа дека мораме да играме таков стил на фудбал, со кратки додавања. Затоа ги загубивме нашите традиционални вредности. Претходно, другите земји гледаа на Германија како на фајтер кој се бори и трча до крај. Силата, моќта, заборавивме на тоа последните седум-осум години. Сега сме навикнати да играме убаво за око и да бидеме прецизни во додавањата“, вели 38-годишниот Швајнштајгер.

По четвртата светска титула во 2014 година, Германија стигна и до полуфиналето на ЕП во 2016 година, пред „падот“ да почне во 2018, кога на СП во Русија испаднаа во групната фаза првпат од 1950 година. На ЕП во 2020, тие стигнаа до осминафиналето, а потоа во декември пак испаднаа во групната фаза на СП во Катар во 2022.

Scroll to Top