Top Sport

Швајнштајгер: Мурињо ме прати да тренирам со јуниорите на мојот роденден

Поранешниот германски репрезентативец, Бастијан Швајнштајгер признава дека имал „голема болка“ во Манчестер јунајтед, откако Жозе Мурињо го исфрлил од првиот тим и го натерал да тренира со У-23 тимот на неговиот роденден.

Легендата на Баерн Минхен дојде на „Олд Трафорд“ во 2015 година и имаше 31 настап под Луис ван Гал, но откако Мурињо дојде на клупата во мај 2016, тој го исклучи Германецот од првиот тим во неговата втора сезона во клубот. Следниот март, 37-годишниот Швајнштајгер замина во МЛС лигата во Чикаго фајр, а Мурињо подоцна призна дека згрешил со третманот на фудбалерот.

„Беше многу чудно на мојот 32. роденден кога дојдов во соблекувалната и почнав да се подготвувам и ми беше кажано дека не ми е дозволен влез и дека треба да играм со вториот тим. Бев навреден бидејќи никој не ми зборуваше. Мурињо ми објасни дека тоа има врска со втората повреда која ја имав. Првата повреда ја средив со лекарите во Јунајтед и потоа почнав со тренинзи и пак се повредив и Луис ван Гал ме пушти на третман во Германија пред ЕУРО 2016. Мурињо сметаше дека не сум професионален со тоа што бев на третман во мојата таковина. Потоа се извини, но малку ја загубив љубовта кон фудбалот и клубот, иако не до фановите и соиграчите. Не беше лесно и сметав дека не можам да верувам на клубот“, вели Швајнштајгер.

Scroll to Top