Top Sport

Швајнштајгер: Сонот е остварен, играв за Баерн и Манчестер јунајтед

Легендата на германскиот фудбал, Бастијан Швајнштајгер вели дека си заминал од Манчестер јунајтед во Чикаго фајр во 2017 година, бидејќи не можел да замисли да игра за друг европски клуб.

Освојувачот на СП со Германија од 2014 година помина 17 години во Баерн Минхен, за во 2015 година да се приклучи на Манчестер јунајтед, остварувајќи го својот сон од детството. На „Олд Трафорд“ тој беше донесен од Луис ван Гал, но Жозе Мурињо потоа не му даде шанси и тој вели дека не сакал да игра во друг европски клуб.

„Не сакав да одам во Европа. Баерн и Манчестер јунајтед беа двата клуба во кои секогаш сакав да играм. Сонот беше остварен“, вели Швајнштајгер.

Швајни вели дека ужива во животот во САД со сопругата, српската тенисерка Ана Ивановиќ и вели дека атмосферата е многу поинаква од Европа.

„Нема толку многу мечеви како во Англија и фудбалот не е на исто ниво како во Европа, така што мораш да бидеш трпелив. Исто така не гледаат многу на времето. Ако состанокот треба да почне во 6 часот, а последниот фудбалер дојде во 6.10, тоа не е проблем, за разлика во Европа“, додава Германецот.

Scroll to Top