Top Sport

Шведскиот АИК Стокхолм ќе почне да нуди доживотни билети!

Шведскиот шампион АИК Стокхолм објави дека ќе почне да продава доживотни сезонски билети пред стартот на сезоната 2019, која ќе чини одлични 189.100 круни (околу 20.407 долари).

Со име „бесконечна карта“, со овој билет навивачите ќе добијат седиште на „Френдс арената“ додека се живи да ги гледаат АИК, кои во ноември ја освоија титулата во Алсвенскан. Цената од 189.100 круни доаѓа од 1891 година, кога е основан клубот.

„Горди сме што можеме да им понудиме на сите луѓе без разлика на возраста или професијата да бидат на нашите трибини. Ова е картичка за бесконечност. Знаеме дека нема да биде бестселер, но сакаме да покажеме дека АИК е тука за вас, без разлика на другите работи“, се вели во соопштението на шесткратните шведски шампиони.

АИК не се првиот клуб кој нуди доживотен сезонски билет. Портсмут го нудеше истото за само 2.000 фунти во сезоната 2001/02, но претходно оваа година предизвикаа бура осуди откако побараа нивните фанови доброволно да ги вратат овие билети. Се надеваме дека АИК нема да го направи истото.

Scroll to Top