Top Sport

Шведскиот селектор чистеше по триумфот

Шведскиот селектор, Јане Андерсон самиот ја чистеше соблекувалната на Шведска по пласманот на Светското првенство со 0:0 реми на „Сан Сиро“ во Милано, предизвикувајќи воодушевување на Твитер.

Поранешниот менаџер на Ливерпул,Џо Фејган беше познат по изјавата дека гостинската соблекувална треба да ја оставите иста како што сте ја нашле, и самиот имаше навика со метла да го средува нередот. Шведскиот селектор Андерсон очигледно мисли исто.

Еден камерман го „фати“ Андерсон како го собира ѓубрето од подот – шишиња за вода, амбалажа од гуми за џвакање, тапи од шампањска, кои ги ставаше во корпата.

„Се работи за покажување респект. Сакам ред и дисциплина од моите момци“, изјави Андерсон кога беше запрашан за гестот.

Фантастично!

 

Scroll to Top