Top Sport

Швеѓаните ја „освоија“ Романија, Данска и Швајцарија на чекор до пласман (видео)

Шведска успеа да се приклучи на своите нордиски соседи Финска и да се пласира на Европското првенство во 2020 година по импресивната 2:0 победа на гости кај Романија, со која го обезбеди второто место во групата Ф зад Шпанците, кои со 6:0 ја победија Малта.

Швеѓаните победата ја обезбедија уште во првото полувреме, кога прво Маркус Берг во 18. минута стрелаше за 1:0, а потоа Робин Кваисон во 34. минута стави печат на победата. Со ова тие ја елиминираа Романија, но и Норвешка.

Најинтересна завршница ќе има во групата Д, но Данска и Швајцарија по вечерашните победи се поблиску до европската елита отколку Ирска. Данците со 4:0 го победија аутсајдерот Гибралтар, додека Швајцарците се намачија за 1:0 победа над Грузија за да ги заземат првите две места во групата Д. Данска во последното коло ја пречекува Ирска, на која и треба победа, но и изненадување на Гибралтар кој е домаќин на Швајцарија.

Во меч кој не одлучуваше ништо во групата Ј, Италија ја забележа и деветтата победа во девет меча, триумфирајќи со 3:0 над Босна и Херцеговина во Зеница со головите на Ачерби, Инсиње и Белоти. Селекцијата на Роберто Манчини во последното коло ја пречекува Ерменија.

ЕВРО 2020 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Д

Данска – Гибралтар 5:0

Швајцарија – Грузија 1:0

Табела: 1.Данска 15, 2.Швајцарија 14, 3.Ирска 12, 4.Грузија 9, 5.Гибралтар 0

ГРУПА Ф

Норвешка – Фарски Острови 4:0

Романија – Шведска 0:2

Шпанија – Малта 7:0

Табела: 1.Шпанија 23, 2.Шведска 18, 3.Романија 14, 4.Норвешка 14, 5.Фарски Острови 3, 6.Малта 3

ГРУПА Ј

Финска – Лихтенштајн 3:0

Ерменија – Грција 0:1

Босна и Херцеговина – Италија 0:3

Табела: 1.Италија 27, 2.Финска 18, 3.Грција 11, 4.Ерменија 10, 5.БиХ 10, 6.Лихтенштајн 2

Scroll to Top