Top Sport

Тите не е фан на пеналите: Неправедни се таквите победи

Бразилскиот селектор Тите е противник на праксата натпреварите да се решаваат по изведувањето на пенали, истакнувајќи дека неговите фудбалери, на тренингот во пресрет на дуелот со Белгија, вежбале изведување на пенали.

„Сметам дека натпревар не би требало да биде решен со изведување на пенали. Сметам дека тоа е неправедно. Но…не знам шти би предложил наместо тоа“, рекол Тите.

„Вежбавме изведување на пенали. Но на самиот натпревар сето тоа е поинаку, одговорноста е голема и тука е најважно да се контролираат емоциите“, дополнил селекторот на Бразил.

Инаку, изведувањето на пенали е воведено на Светското првенство во 1978 година, откако на претходните мундијали, дуелите што во нокаут фазата завршувале нерешено се играле повторно.

Бразил низ историјата четири пати го решавал прашањето на победникот. Три пати Бразилците биле успешни, а најзначајна нивна пенал победа е онаа во 1994 година, кога ја победија Италија во финалето и ја освоија светската титула.

Најуспешни селекции во пенал рулетот се Германија и Аргентина, тие славеле по четири пати, а во 2006 година во меѓусебен дуел решаваа за полу-финалистот на Светското првенство. Тогаш поуспешни беа Германците.

Scroll to Top