Top Sport

Си го зема целиот сталак кога беше прогласен за играч на мечот

Мамаду Дијало, напаѓачот на францускиот второлигаш Гренобл, стана хит на Интернет откако се обиде да си го земе целиот сталак на кој беше поставена наградата за најдобар играч на нечот со Троа во вторникот.

26-годишниот Сенегалец стрелаше еднаш при 2:0 победата на лидерите во Лига 2, Гренобл, и очигледно не беше навикнат да добива ваква награда и се обиде да си го земе целиот сталак пред новинарот да му објасни каде е наградата.

Гренобл отидоа со шегата и понатаму, откако објавија фотографија на Дијало во својот автомобил, со целиот сталак во багажникот.

Scroll to Top