Поранешниот напаѓач на Лидс јунајтед, Павел Кубицки е осуден за обложување и местење натпревари. На Швеѓанецот со полско потекло за овие му се судеше во 2019 година. Тогаш Окружниот суд кој пресуди дека фудбалерот не е виновен. Сепак Апелација ја поништи оваа одлука го прогласи Кубицки за виновен.
Кубцки заврши на суд поради обвинувањата дека во 2019 година, како играч на Елфсбирг, намерно добил жолт картон, за да земе пари од кладењето. Токаг фудбалеот добил 300.000 круни (околу 33.000 евра).
Тој се бранел дека тие пари ги добил на позајмица од двајца пријатели. Оваа негова одбрана помина пред Окружниот суд, но не и пред Апелација. Кубицки е осуден за примање поткуп и измама.
Кубицки на четири години е исклучен од фудбалот, што веројатно значи дека ќе стави крај на кариерата, бидејќи сега тој има 28 години.
На одлуката на Апелација Кубицки нема право на жалба.
Кариерата, Кубицки ја започнал во Малме, а потоа играл за Лидс, Молде, Елфсборг, Ден Хаг и Погон.