Сиднеј ФЦ го победи Перт глори со 4:1 на пенали за да ја освои А-лигата по рекорден четврти пат откако мечот за одлучување на првакот во австралискиот шампионат заврши 0:0 по двете продолженија.
Пред рекордни 56.371 фанови на „Перт стадионот“, Сиднеј имаше шанси да победи во регуларниот дел, но голот од првото полувреме им беше поништен по ВАР одлука. На крајот, тоа не беше одлучувачки откако голманот Ендру Редмејн одбрани два удари од белата точа, а Иранецот Реза Гучанеџхад го постигна победничкиот гол за титулата.
Перт беа лидери по регуларната сезона, а поразот посебно тешко му дојде на тренерот Тони Поповиќ, кој ги загуби претходните три финалиња како тренер на Вестерн Сиднеј вондерерс.