Top Sport

Сиетл ќе се борат за титулата во МЛС-лигата (Видео)

Фудбалерите на Сиетл Сандерс ќе се борат за титулата во МЛС-лигата. Сиетл во финалето на Западната конференција приредија големо изненадување откако во Ло Анџелес славеа над ЛА ФЦ со 3:1.

Успехот на Сиетел е уште поголем бидејќи со пресврт го елиминираа фаворитот. ЛА ФЦ во 17 минута го отворија резултатот со голот на Аутест.

Радоста на домаќините траеше само пет минути кога израмни Рудијаз, а во 38 минута Лодеиро го комплетираше пресвртот.

Точка на мечот стави со својот втор гол Руидијаз во 64 минута.

Сиетл во 2016 година ја освоија титулата, а за нив ова е трето финале во последните четири години.

Сандерс во финалето ќе играат против актуелните шампиони Атланта или Торонто.

Scroll to Top