Top Sport

Сиетл саундерс против Торонто ФЦ во МЛС куп финалето (видео)

Сиетл саундерс ќе ја бранат титулата од МЛС купот во ри-меч со Торонто ФЦ, откако и во вториот дуел од финалето на Западната конференција беа доминантни против Хјустон дајнамо победувајќи ги со 3:0 за севкупни 5:0.

По 22. минути игра, Виктор Родригез го постигна првиот гол за Сиетл, уништувајќи ги сите надежи на Хјустон за пресврт, по што Клинт Демпси го постигна својот четврти гол во серијата по еден час игра. Поранешниот напаѓач на Хјустон, Вил Бруин го комплетираше доминантниот триумф.

Торонто со 1:0 ги совлада Колумбус кру за титулата од Источната конференција, и канадскиот тим ќе биде домаќин на финалето на 9 декември.

Scroll to Top