Top Sport

Редмонд: Гвардиола не ме нарече др.ач

Крилото на Саутемптон, Нејтан Редмонд ги отфрли пишувањата на британскиот таблоид „Сан“ дека Пеп Гвардиола користел непристојни зборови при необичната дискусија по крајот на победата на Манчестер сити од 2:1 над Саутемптон во средата.

Гвардиола, некарактеристично, влезе во расправија со играчот на Саутемптон, кој со рака го криеше својот одговор. 23-годишниот Редмонд ги отфрли тврдењата на „Сан“.

„Ја видов приказната и морам да разјаснам неколку прашања. Менаџерот на Ман сити, Пеп Гвардиола не го кажа тоа што ’Сан’ го пишува. Да, тој беше страстен, интензивен и агресивен, но само ме фалеше и беше позитивен кон мене. Ги коментираше моите квалитети како англиски фудбалер и посочи дека требаше да напаѓаме повеќе како минатата година. Ништо повеќе, ништо помалку. Ништо негативно и навредливо и затоа тој е еден од најдобрите менаџери на светот. За жал оваа приказна е само показател на мрзеливо новинарство и е вистинска шега“, напиша Редмонд.

Гвардиола „се мачи“ да биде џентлмен (видео)

Scroll to Top