Фудбалерите на Баерн Минхен се вратија на второто место на табелата во Бундес лигата, откако со 3:1 победија во дулот со Шалке. Баварците го искористија киксот на Борусија и ја намалија предноста на лидерот на пет бода.
Автоголот на Брума им донесе предност на Баерн по 12 минути игра. Гостите бргу се вратија во натпреварот, во 25 минута Кутучу израмни на 1:1.
Радоста на Шалке траеше само две минути, кога гол постигна Левандовски. Победникот дефинитивно беше решен во 57 минута со голот на Гнабри.