Top Sport

Сигурни победи на Канада, САД и Мексико, Костарика го фати „последниот воз“

Фаворизираните Канада, САД и Мексико забележаа победи во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Во Северна и Централна Америка (КОНКАКАФ) нема многу дилеми околу конечниот пласман. Неизвесно е само кој ќе ја освои четвртата позиција.

Костарика успеа да ја намели предноста на Панама. До 12 бод во квалификациите Костарика дојде со победата над Панама со 1:0. Ветеранот Брајан Руис го постигна единствениот гол во 65.минута.

Канада е лидер на табелата. Првата позција ја потврди со победата во Хндурас 2:0. Канаѓаните досега само еднаш играле на СП, во Мексико во 1986 година.

САД, со голот на Робинсон го победија Ел Салвадор со 1:0, а Мексико со пресврт ја победија Јамајка со 2.1.

Табела: 1. Канада 19, 2. САД 18, 3. Мексико 17, 4. Панама 14, 5. Костарика 12, 6. Јамакја 7, 7. Ел Салвадор 6, 8. Хондурас 3.

Scroll to Top