Top Sport

Силекс и Македонија ЃП во финалето на фудбалскиот Куп

Второлигашот Силекс и Македонија ЃП ќе играат во финалето на Купот на Македонија на 20.мај. Двата тима славеа на денешните полуфинални натпревари во Битола и во Струга.

Македонскиот второлигаш Силекс ќе го брани пехарот во финалето на Купот на Македонија откако успеа да го елиминира Пелистер во полуфиналната пресметка славејќи со 0-1 на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Антонио Каланоски беше стрелец на победничкиот гол за кратовци постигнат во 36.минута од натпреварот.

Втор финалист е тимот на Македонија ЃП кој по изведување пенали ја елиминираше Струга ТЛ со 2-4. Во регуларниот тек од натпреварот немаше голови. Немања Босанчиќ во првата серија не успеа да реализира за Струга ТЛ, ја погоди гредата. Голманот Стевковски го одбрани последниот пенал на Галевски.

Финалето на Купот на Македонија ќе се одигра на 20.мај на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Scroll to Top