Шкендија не тргна со победа во новата сезона од Првата фудбалска лига. Силекс го изненади тимот на Артим Шаќири во Струга и освои еден бод играјќи 1:1. Дашмир Елези донесе водство за Шкендија во 17.минута, но Силекс израмни во 90.минута преку Арсим Љамалари.
Академија Пандев беше убедлива против Работнички на арената „Тодор Проески“ и победи со 0:5. Горан Томовски ја почна серијата голови во десеттата минута, а Иво Јанакиевски си постигна автогол во 24.минута. До крајот на мечот, Ване Крстески постигна хет – трик со головите во 44., 52. и во 90.минута.
Струга Трим Лум ја победи Брегалница на гости во Штип со 0:1. Укпа Ефион Хоган успеа да ја затресе мрежата на Брегалница во 87.минута.
Тиквеш ја совлада Победа на гости во Прилеп со 0:1. Александар Мишов со удар со глава беше стрелец за гостите во 45.минута од натпреварот.
Вчера, Шкупи ја победи Македонија ЃП со 2:1.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВТОРО КОЛО
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1:1
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0:5
ПОБЕДА – ТИКВЕШ 0:1
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0:1
ВЧЕРА: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1