Силекс се искачи на првото место во Првата лига, откако со 3:1 ја совлада Ренова во одложениот меч од четвртото коло, додека Шкендија, очигледно уморна од европската победа, одигра само 1:1 со Борец, за да остане на третото место со осум поени, два помалку од Силекс и Шкупи.
Ренова во Кратово стигна до рано водство во осмата минута преку Рамадани, пред Силекс да направи пресврт за три минути – Ѓорѓиев во 42. и Ристов во 45. минута обезбедија 2:1 водство на полувреме.
Во Тетово пак, Станковски во 19. минута донесе неочекувано водство на Борец, пред Бруно Дита во 34. минута да израмни за Шкендија.
ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО
Силекс – Ренова 3:1
Шкендија – Борец 1:1
Табела: 1.Силекс 10, 2.Шкупи 10, 3.Шкендија 8, 4.Македонија ЃП 6, 5.Работнички 5, 6.Ренова 5, 7.Пелистер 5, 8.Борец 5, 9.Струга 4, 10.Вардар 4, 11.Академија Пандев 3, 12.Беласица 0.
Фото: ФК Шкендија