Top Sport

Силекс по пенал-драмата подобри од Академија Пандев, по третпат го освоија Купот на Македонија

Силекс од Кратово го освои својот прв трофеј од далечната 1998 година, откако по ремито без голови во регуларниот дел и во продолженијата, со 4:3 во пенал-рулетот беа подобри од Академија Пандев, така не дозволувајќи клубот од Струмица да го освои првиот трофеј во историјата.

Во многу слаб меч, со многу малку шанси на двете страни, иако Силекс имаше иницијатива на стартот на мечот, по што се играше многу претпазливо за да не се прими гол.

Ова е трета куп титула за Силекс по тие во 1994 и 1997 година, а клубот од Кратово има и три шампионски титули во Македонија (1996, 1997, 1998).

Фото: ФФМ

Scroll to Top