Top Sport

Силекс со реми против силната Црвена звезда

Силекс на подготовките во Анталија одигра контролен меч со српскиот гигант Црвена Звезда, кој заврши 1:1.

Црвена звезда поведе уште во третата минута со авто-голот на Игор Филиповиќ, а „црвено-белите“ имаа и уште една добра шанса во 12. минута преку лоб-ударот на Срниќ.

Среќата се сврте за српскиот тим по повредата на Ричмонд Боачи во 18. минута, по што во 51. минута Силекс стигнува до израмнување откако по центар-шут, Дејан Благоевиќ постигнува гол со глава.

Лошата подготовка за Црвена звезда се комплетираше на 15 минути пред крајот, кога се повреди и Ераковиќ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');