Top Sport

Силекс во драма ја урна Шкендија, Тиквеш со 10 играчи подобар од Вардар

Веќе нема непоразени тимови во македонската Прва лига, откако Силекс во драматична завршница успеа да стигне до 2:1 победа над Шкендија во дербито на 7.коло, додека по повеќедецениско чекање за дуел во Првата лига, Тиквеш го победи со 1:0 Вардар во Кавадарци.

Домаќините во Кратово имааа шанса да стигнат до водство во 20. минута, кога беше досуден пенал, но обидот на Марјан Ристовски да го измами голманот Талески беше неуспешен. Сепак, Силекс беше прв кој го најде патот до голот, кога Милосављевиќ во 58. минута постигна убав гол. Во 91. минута, Цаке израмни на 1:1, но Силекс ги освои трите поени преку Лазаревиќ во 93. минута.

Во Кавадарци пак, Тиквеш остана со играч помалку по црвениот картн на Даниел Карчески во 52. минута од мечот, но успеа да ги осви трите поени, откако Едиз Спахиу успеа да го совлада Гачевски во 76. минута.

Шампионот Струга во бурен меч со три црвени картони, ја победи Брегалница со 3:1, Македонија ЃП немаше проблем да стигне до 2:0 победа над новиот прволигаш Гостивар, а Работнички исто така беше убедлив со 2:0 победа над Воска.

ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО
Брегалница – Струга 1:3
Македонија ЃП – Гостивар 2:0
Работнички – Воска 2:0
Силекс – Шкендија 2:1
Тиквеш – Вардар 1:0

Фото: ФК Шкендија

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top