Top Sport

Силва и Салах на радарот на ПСЖ

Пари Сен Жермен (ПСЖ) со месеци се подготвува за „животот по Килијан Мбапе“, планот отприлика гласи вака: Мохамед Салах (31) и Бернардо Силва (29).

Двајцата левоноги виртуози се на приоритетната листа на најмоќниот француски клуб, чиј претседател Насер Ал-Келаифи, вчера бил известен од Мбапе дека ќе го напушти Париз по завршувањето на сезоната.

„Лекип“ пишува дека веќе ги направиле сите можни врски, контакти за до првиот ден од преодниот рок во јули да ги договорат трансферите на двајца асови на англиските премиерлигаши и клучните играчи на Ливерпул и Манчестер сити.

Изборот падна на Египќанецот, за чие заминување веќе извесно време се шпекулира во европската фудбалска јавност, а стана погласно по одлуката на Јирген Клоп да си замине од „Енфилд“, две години пред истекот на неодамна продолжениот договор.

Во Париз се свесни дека не само саудиското кралско семејство ќе биде заинтересирано за услугите на Салах, туку веруваат дека еден од најдобрите играчи во славната историја на Ливерпул се уште го нема кажано последниот збор во европскиот фудбал и повеќе би сакал да игра во Лигата на шампионите отколку Про лигата.

Заминувањето на Бернардо од „Етихад“, се најавуваше минатото лето кога самоуверениот претседател на Барселона, Џоан Лапорта го истакна како главна мета во преодниот рок, но тој сепак остана во Манчестер сити.

Исто така, ќе биде интересно да се види како ќе се одвиваат преговорите меѓу ПСЖ, кој е во сопственост на катарското кралско семејство, и Сити, кој е поддржан од блискоисточните „ривали“ од Обединетите Арапски Емирати, бидејќи Португалецот има договор кој истекува дури во 2026 година и не е дел од групата играчи.кои „влегуваат во последната сезона од своите договори“.

Со други зборови, Сити не е принуден да избира помеѓу „да го продаде сега или да го пушти како слободен играч следната година“.

Токму таква е ситуацијата меѓу Салах и Ливерпул, чија соработка истекува во јуни 2025 година, па од оваа гледна точка трансферот на напаѓачот во Париз е поизвесна опција од доаѓањето на Силва.

Scroll to Top