Шпанецот Давид Силва потпиша едногодишно продолжување на договорот со Манчестер сити, со што ќе остане во тимот на Пеп Гвардиола до 2020 година.
31-годишниот играч до средниот ред дојде од Валенсија во Сити во 2010 година за 24 милиони фунити, и оттогаш освои две титули од Премиер лигата, една од ФА купот и две од Лига купот.
„Среќен сум што имам иднина во Сити. Горд сум на тоа што го остваривме во седум и пол сезони тука и со Пеп на чело на тимот се наоѓаме во добра позиција да освојуваме и нови трофеи. Вистинско задоволство е да се биде дел од тим кој игра ваков фудбал“, вели Силва.
Манчестер сити се осум поени пред Манчестер јунајтед на врвот на Премиер лигата по низата од 12 победи.
El Mago, @21lva signs a new contract! #mancity https://t.co/rhjkjdzhr4
— Manchester City (@ManCity) November 30, 2017