Top Sport

Силвињо и во иднина ќе ја предводи Албанија

Фудбалскиот сојуз на Албанија објави дека го продолжи договорот со селекторот Силвињо. Бразилецот селекторската функција ја презеде во јануари 2023. Силвињо успеа да се квалификува Албанија за ЕП 2024, второ во историјата на земјата.

Албанија и Силвињо го продолжија партнерството до 2026 година, а Бразилецот ќе се обиде да се пласира на СП 2026 година.

„По успехот во квалификациите за Европското првенство, сега главна цел се историските квалификации за СП 2026 година“, се вели во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Албанија.

Силвињо работеше претходно како тренер на француски Лион и бразилски Коринтијанс.

Scroll to Top