Top Sport

Симеоне би сакал да игра кај совјот татко

Напаѓачот на Фиорентина, Џовани Симеоне, открил дека би сакал да игра во Атлетико Мадрид кај својот татко Диего Чоло Симеоне.

Симеоне јуниор (23), има договор со Фиорентина до 2022 година, но од минатата сезона тој го привлече вниманието на големите европски клубови. Еден од нов е и Атлетико.

„Би било одлично да играм за Атлетико додека е мојот татко таму. Никогаш не сум играл за него бидејќи никогаш не ме прашал нешто такво“, рекол Симеоне јуниор за аргентинскиот „Фокс спорт“.

Неодамна, младиот напаѓач дебитираше а Аргентина, а на но винарско прашање дали би се противел на одлуката неговиот татко да е селектор на Аргентина, рекол:

„Секогаш кога сме разговарале рекол дека се уште не е вистинското првене за нешто такво. Ако ја се прашувам, би сакал да го води националниот тим. Мислам дека тоа би го сакал секој Аргентинец, тој е одличен тренер“, рекол помладиот Симеоне.

Синот на Чоло Симеоне кариерата ја започнал во Ривер плата во 2016 година, откаде се пресели во Џенова. За тимот од „Мараси“ одигра една сезона, а потоа реши да го облече дресот на Фиорентина.

Scroll to Top