Top Sport

Модриќ не се откажувал од трансферот во Интер

Лука Модриќ ќе инсистира на трансфер бидејќи бил незадоволен од улогата што ја има кај тренерот Хулен Лопетеги и што претседателот Флорентино Перез не му понудил нов договор.

Италијанските медиуми пренесуваат дека хрватскиот фудбалер ќе инсистира во јануарскиот преоден рок, Реал да му дозволи трансфер во Интер.

Модриќ и во изминатиот преоден рок сакаше да се пресели на „Џузепе Меаца“, дури ги договорил и личните услови, но реал не го дозволи трансферот.

Според медиумите, играчот бил тажен во Мадрид особено поради лошите резултати од почетокот на сезоната.

33-годишнiот фудбалер поради тоа сака да се пресели во Интер, а дозвола за тоа од клубот ќе бара и во јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top