Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне вели дека Диего Коста го имал својот најдобар натпревар по враќањето на „Ванда метрополитано“ при 2:0 победата над Спортинг Лисабон во првото четврт-финале од Лигата на Европа.
Коста не беше во листата на стрелците во четврток, но му асистираше на Коке во најбрзиот гол во историјата на ЛЕ (22 секунди), додека Антоан Гризман ја запечати победата во финишпт на првото полувреме. Меѓутоа, Симеоне вели дека Коста, кој дојде од Челси во јануари, бил најдобриот на теренот.
„Ова беше негов најдобар натпревар откако се врати со нас. Тој е ѕвер! Трча насекаде, поставува притисок кон противниците. Тој учествуваше во двата гола, одигра тимски, можеби најдобро откако се врати“, вели Симеоне.
Фото: ЕПА
Ремзи-шоу за Арсенал, Лацио со четири парчиња за Салцбург (видео)