Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изненадувачки е најплатениот фудбалски тренер на светот, заработувајќи 23 милиони евра годишно, 5 милиони евра повеќе од Пеп Гвардиола во Манчестер сити, според „Ла газета дело спорт“.
Симеоне веќе осум години е на чело на Атлетико, освојувајќи две титули од Лига Европа и една национална титула во 2014, прекинувајќи ја доминацијата на Реал Мадрид и Барселона. Симеоне неодамна потпиша нов договор и претседателот на Атлетико, Серезо изјави дека очекува тој да биде „Сер Алекс Фергусон на нашиот клуб“.
Во топ 5 најплатени тренери се и Ернесто Валверде од Барселона, Зинедин Зидан од Реал Мадрид и новиот тренер на Интер, Антонио Конте, кој со годишна плата од 11 милиони евра го израмнува рекордот за најплатен менаџер во Италија, кој досега го држеше Жозе Мурињо.
Во Англија пак, на второто место зад Гвардиола е Јирген Клоп во Ливерпул, чии 7.5 милиони евра годишно се за дури 10 милиони евра помалку од парите кои ги добива Каталонецот.
Единствен тренер на листата кој не работи во Европа е поранешниот италијански дефанзивец, Фабио Канаваро, кој добива 7.5 милиони евра годишно за работата во Гвангжу Евергранде во кинеската Суперлига.
Conte becomes the current HIGHEST paid coach in Serie A & is tied for all time highest with a certain Jose Mourinho ?? pic.twitter.com/dUypYAuSfq
— Italian Football TV (@IFTVofficial) May 31, 2019