Top Sport

Покетино: Ќе бидам глуп ако останам, а не го смениме начинот на работење

Менаџерот на Тотенхем, Маурисо Покетино, истакнал дека не би било логично тој да остане, а клубот да не направи промени во начинот на своето работење. Тотенхем последниот трансфер го направиле на 31 јануари 2018 година, бидејќи парите ги насочија кон изградбата на новиот стадион.

Покетино успеа оваа сезона да го направи (не)возможното и со Тотенхем да се пласира во финалето во Лигата на шампионите. Сепак Аргентинецот открил дека има намера да седне и сериозно да разговара со сопственикот Даниле Леви околу трансфер политиката.

„Не планирам да отворам нова страница без план, без јасна идеја“, рекол Аргентинецот.

Договорот на Покетино важи уште четири години, но тој не ја исклучил можноста да замине доколку тимот ја освои Лигата на шампионите.

„Знам добро како функционираат работите. Јасно ми е дека треба да почнеме да работиме на поинаков начин, што не значи дека по секоја цена мораме да трошиме повеќе пари. Но, доколку очекувањата се секоја година да играме финале во Лигата на шампионите, тогаш мораме да имаме план. Тој план мора да биде поинаков од овој што го применувавме во изминатите пет години. Ако од нас се бара да правиме нешта како што тоа го прават Ливерпул, Сити или Челси тогаш можностите мора да ни бидат исти. Доколку ен се смени нешто, а јас останам, тогаш ќе испадна глупав“, заклучил Покетино.

Тотенхем, во последното коло во Премиер лигата ќе играат против Евертон, а само чудо може да им ја одземе таа позиција на табелата.

Scroll to Top