Полскиот репрезентативец Аркадијуш Милик (26) е блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, тврди „Кориере дело Спорт“.
Милик нема да го продолжи договорот со Наполи кој му истекува по завршувањето на наредната сезона поради што клубот ќе се обиде да го продаде во овој преоден рок.
Според „Кориере дело Спорт“ Наполи ја намалиле цената за напаѓачот од 40 на 25 милиони евра. Овој извор тврди дека на Милик би прифатил трансфер на „Ванда Метрополитано“.
Атлетико подолг период го следеле Милик. Тренерот Диего Симеоне сметал дека тој е подобра опција од Единсон Кавани бидејќи би бил долгорочно решенија во нападот. Милик е седум години помлад од Кавани.
Полјакот игра одлично оваа сезона, во сите натпреварувања има постигнато 20 голови.