Кризата во Јувентус продолжува откако на гостувањето кај Хелас Верона кај тимот кој го предводи нивниот поранешен фудбалер и помошник тренер, Игор Тудор доживеаја но потоп, пораз од 2:1 во режија на Џовани Симеоне.
Симеоне, синот на Диего Симеоне, кој во минатиот меч постигна четири гола против Лацио, го матираше Јувентус во првите 14. минути игра – во 11. и во 14. минута за шок на гостите на „Бентегоди“. Во 80. минута, Вестон Меккени втор меч во низа постигна гол за „бјанконерите“, но тоа беше премалку за камбек.
Ова е втор пораз во низа за тимот на Масимилијано Алегри и дури четврти во само 11 кола во шампионатот, со што остануваат на 15 поени, колку што сега имаат и Верона, дури 13 зад лидерите Наполи и Милан, кои имаат и меч помалку.
Графика: Sofascore за Тоспорт.мк