Top Sport

Симеоне: Каков Евертон, Атлети ќе ме трпат уште две години

Диего Симеоне ги отфрли шпекулациите дека ќе биде следниот менаџер на Евертон, посочувајќи дека Атлетико Мадрид ќе „мораат да го трпат“ барем уште две години.

Англиските медиуми го поврзуваат Аргентинецот со трансфер во Евертон, кои го отпуштија Холанѓанецот Роналд Куман минатиот месец по слабиот старт на сезоната и во моментов се под водство на преодниот тренер Дејвид Ансворт. Симеоне има договор со Атлетико до 2020 година.

„Како што кажав повеќе пати, мојата иднина е поврзана со Атлетико. Тие ќе мораат да ме трпат барем уште две години. Во тоа сум сигурен“, вели Симеоне.

Тој исто така зборуваше за шпекулациите дека Антоан Гризман ќе се пресели во Барселона или во Манчестер јунајтед, и ја коментираше фотографијата на која Французинот е „фатен“ како заминува од групната „фотка“ на тимот.

 

„Го фотографираа пред да си ја заземе позицијата на теренот и изгледаше дека не сака да биде на фотографијата. Ги сфаќам новинарите, но тој секогаш прави така. Тој е играчот со најмногу вештини кој го имаме во нападот, и јас на таа фотографија гледам ентузијазам да почне натпреварот. Уште не сме го виделе неговиот најдобар момент“, вели Симеоне.

Каде оди Антоан Гризман?

Scroll to Top