Џулијано Симеоне, заслужи и доби нов договор од Атлетико Мадрид. 22-годишникот и понатаму ќе соработува со својот татко Диего Чоло Сименоне, кој од декември 2013 година ги предводи „јорганџиите“.
Првата задача што новиот спортски директор на Атлетико Мадрид, Матеу Алемани, сакаше да ја заврши веднаш по преземањето на функцијата беше иднината на Џулијано Симеоне.
Младиот аргентински напаѓач и клубот веќе некое време преговараат за продолжување на соработката, а за време на репрезентативната пауза, договорот е финализиран.
Според информациите на „Марка“,Симеоне доби подолг договор, поголема плата и значително повисока откупна клаузула.
Наместо неговиот сегашен договор да истекува во 2028 година, Џулијано сега ќе биде врзан до летото 2030 година, што значи продолжување за уште две сезони.
Финансиски, новиот договор вклучува зголемување на платата и зголемување на клаузулата од 50 на 100 милиони евра, што е јасен сигнал дека клубот има намера цврсто да го задржи својот млад крилен напаѓач и да спречи секаков обид тој да замине од „Метрополитано“.
Овој потег совршено се вклопува во желбите на тренерот Диего Симеоне, таткото на Џулијано, кој постојано нагласува колку му значи напредокот и професионалниот став на неговиот син кон играта.
По натпреварот од Лигата на шампионите против Унион Сен Жилоа, популарниот Чоло рече.
„Џулијано се снаоѓа одлично. Тој сака повеќе. За да стигне таму каде што сака, мора да ја задржи својата скромност и желба за напредок.“
Џулијано Симеоне има 3 гола и 5 асистенции на 16 официјални натпревари оваа сезона, а на само 22 години стана сериозна опција во офанзивниот систем на Атлетико.
