Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ќе го предводи својот тим утре против Рајо Ваљекано. Во четвртокот, Атлетико, објави дека позитивни тестови добиле четворица фудбалери и тренерот Симеоне.
Аргентинецот, вчера, направи тест во независна лабораторија, резултатот на тестот бил негативен.
„Се чувствувам одлично. Вчера направив тест во лабораторија која нема врска со Ла Лига, бев негативен. Денес го повторив тестот во лабораторијата на Ла Лига, ги чекам резултатите. Ќе видиме дали ќе бидам со тимот“, рекол Симеоне.
Он-лајн ги следев тренинзите. Имаме голем мотив годината да ја започнеме до победа. Атлетико се петти на табелата и се во негативна серија. „Јорганџиите“ се поразени на последните четири натпревари во Ла Лига.
„Сакаме да останеме конкурентни. Сега секој натпревар ќе го играме како да е финале. Свесни сме дека минуваме низ тежок период“, заклучил предводникот на актуелниот шампион на Шпанија.
Натпреварот утре ќе се игра на „Ванда Метрополитано“ од 16.15 часот.