Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не е задоволен со фактот дека во клубот не се потрудиле доволно за да го продолжат договорот со капитенот Диего Годин. Италијанскиот новинар, Џанлука ди Марцио, објави дека Годин по завршувањето на сезоната, како слободен играч, ќе се пресели во Интер.
Симеоне, во пресрет на дербито со Севилја, го искажал своето незадоволство од таквиот потег на клупските челници.
„Атлетико му вети на Годин некои работи откако тој не замина во Манчестер Јунајтед минатото лето. На крајот тоа не го исполнија. Во ниту еден момент не е вложен напор за да се продолжи договорот со Годин“, рекол Чоло и дополнил.
„Во овој момент се бара решение што ќе биде најдобро за сите. Доколку остане тоа ќе биде поради тоа што таквото решение е најдобро за сите. Но…“.
Годин (32) во Мадрид се пресели од Вилјареал во 2010 година. Во меѓувреме одиграл 368 натпревари и стана капитен на тимот.