Top Sport

Симеоне: Мојот син нема да дојде во Атлетико

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Пабло Симеоне, рекол дека во својот тим никогаш не би го довел својот син Џовани, кој го носи дресот на Фиорентина.

Џовани Симеоне, зад себе има одлична сезона во тимот од Фиренца, поради што го заслужи повикот во аргентинската репрезентација. Тој, во саботата, постигна гол во победата на Аргентина над Гватемала 3:0.

„Во хотел го гледав тој натпревар. Возбуден сум што го гледав во дресот на Аргентина. Сите знаат колку ја сакаме својата земја. Џовани стана одличен фудбалер, има се што му е потребно за да игра во мојот тим, но јас никогаш нема да го донесам тука“, рекол Симеоне сениор во интервју за „АС“.

Џовани е роден пред 23 години во Мадрид. Минал низ фудбалската школа на Ривер Плејт, а дебито за овој великан на аргентинскиот фудбале го имал во 2013 година.

Во Италија е од 2016 година, една сезона му беше соиграч на Горан Пандев во Џенова, а од минатата година е во Фиорентина.

Scroll to Top