Top Sport

Спиеле пред „Маракана“ за да обезбедат билети за ЛШ

Фудбалскиот клуб Црвена звезда, претпладнево ги пушти во продажба блок-билетите за натпреварите во Лигата на шампионите. Најефтиниот пакет се продава по цена од 7.500 динари (63,5 евра), а цената на најскапиот изнесува 15.000 динари (153 евра).

Минатата недела, клубот им овозможи на навивачите што имаат сезонски билети, со попуст од 50 отсто, доколку сакаат да купат билети за дуелите против Наполи (18.септември), Ливерпул (6.ноември) и ПСЖ (11.декември).

Во обид да дојдат да обезбедат влезници, навивачи, спиеле пред стадионот „Рајко Митиќ“ (поранешна „Маракана“),а претпладнево неколку илјади навивачи чекаат во редот на билетарите.

Scroll to Top