Top Sport

Симеоне не е заинтересиран за милионите од Саудиска Арабија

Диего Симеоне за весникот „Марка“, изјави дека не го интересираат моќните финасиски понуди и дека нема намера да го напушти Атлетико Мадрид.

Тренерот на мадридскиот тим имаше профитабилна понуда од Саудиска Арабија каде веќе заминаа голем број играчки и тренерски „суперѕвезди“.

„Дали се двоумев кога ја добив понудата? Не, вистината е дека сум многу среќен таму каде што сум во моментов. Не се двоумев, а нема да се двоумам и да ја зголемат таа понуда. Среќен сум во Атлетико“, изјави Симеоне.

Ова ќе биде 13. сезона на Аргентинецот на клупата на Атлетико Мадрид.

Scroll to Top