Теренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, оценил дека убедливиот пораз од Борусија во Дортмунд (4:0), дошол во вистинско време за неговиот тим.
„Честитики до првалот на играта, го искористија секој наш лош момент. Моѓеме да го коментираме натпреварот, но резултатот е таков што нема потреба дополнително да објаснувам. Ако треба да кажам нешто, тогаш би рекол дека поразот дојде во вистинско време“, рекол Симеоне и дополнил.
„Играчите знаае се и не морам ништо да им кажувам. Јасно им е по кој пат одиме и што треба да правиме. Ниту на нив не им е лесно. Мораме да ги поддржиме“.
Атлетико првиот гол го прими во првото полувреме, а откако во второто играчите на Симеоне погодија два пати во дирекот, казната ги стигна преку двата гола на Гереро и едниот на Санчо во последните 15 минути.
„Тие беа супериорни. Во првиот дел не се случи ништо, со исклучок на нивниот гол. Во второто игравме подобро, но веќе имавме негатива. Не игравме ние толку лошо. Но тие беа ефективни, мораме да им честитаме на тоа. Секој пат кога беа во нашиот шеснаесетник, постигнуваа гол“, завршил Симеоне.
Атетико и Борусија реваншот ќе го одиграат за две недели во Мадрид.