Леванте во драмтичен меч успеа да остане непоразен во дуелот со Атлетико Мадрид. До ремито 2:2, Леванте дојде со гол од пенал во 90.минута. Домашниот тим и првиот гол го постигнаа од пенал. Натпреварот пред време заврши за тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, тој доби црвен картон во 81.минута.
Атлетико се жалат на судењето на Фуентес, особено е спорна ВАР одлуката за вториот пенал. Спорниот момент се случи во 83.минута, а ВАР се огласи речиси три минути подоцна.
Симеоне по мечот најпрвин не сакал да го коментира судењето, но потоа кажал што мисли.
„Немам мислење за судиските одлуки. Знам само дека не треба во нив да бараме оправдување. Не треба да му се извинуваме на судијата поради пеналот во финишот и околу 200 удри врз Жоао Феликс кои не беа санкционирани. Судијата на теренот ги донесе одлуките, сега ништо не можеме да смениме. Нашиот тим мора да биде подобар, не треба оправдување да ни бидат пеналите, судијата и „ќотекот“ што го доби Жоао или 70 жолти картони кои ги добивме“, рекол Симеоне.