Атлетико Мадрид не успеа да ја мине групата во Лигата на шампионите. Синоќа во драматичен натпревар на „Сивитас Метрополитано“, Атлетико одигра 2:2 со Баер Леверкузен. „Јоргнаџиите“, добија пенал по истекот на времето, откако судијата Трурпан ја прегледа снимката. Трагичар беше Караско чии удар го одбрани Храдецки.
По натпреварот било тензично на прес-конференцијата, шпанските новинари го прашаа тренерот Симеоне зошто Караско го шутирал пеналот кога на теренот во тој момент бил и Антоан Гризамн. го изведе пеналот кога се знае дека Антоан Гризман речиси секогаш го прави тоа.
„Гризман беше премногу уморен на крајот од натпреварот. Јаник беше поодморен и фанатстичната партија, решивме да му дозволиме да ја преземе одговорноста. Сам ја зеде топката и никој не може да го обвини што не успеа да погоди. Гризман беше уморен и затоа не го шутираше пеналот“, изјави Симеоне и додаде.
„Не се согласувам со вас дека Антоан требаше да го изведе тој пенал, но го ценам секое мислење. Беше навистина уморен и побарав топката да оди кај Караско откако видов дека судијата го гледа ВАР. Караско е еден од стандардните изведувачи на пенали за нас и не е чудно што ја презеде одговорноста“.
Инаку трагичарот Караско против Леверкузен го постигна првиот гол за Атлетико и асистираше за вториот гол кој го постигна Де Пол.