Top Sport

Симеоне: Она што е Меси за Барса, тоа за нас е Облак

Словенецот Јан Облак е еден од хероите на победата на Атлетико Мадрид на „Енфилд“ против Ливерпул 3:2. „Јорганџиите“ по продолженијата изборија пласман во четврт-финалето.

Облак заедно со стрелецот на два гола Маркос Љоренте е најзаслужен за неверојатниот подвиг што го прореди екипата од Мадрид. Словенецот на „Енфилд“ имаше осум одбрани.

„Облак за нашиот тим е важен исто колку што се Савиќ, Фелипе, Лоди, Феликс…Но вистина е дека Облак е најдобриот голман во светот. Она што е Меси за Барселона тоа за нас е Облак“, рекол по мечот тренерот на Атлетико Диего Симеоне.

Scroll to Top