Top Sport

Симеоне по победата над Реал издвои еден играч

Фудбалерите на Атлетико во неделата славеа во 223. мадридско дерби. Тимот предводен од Диего Симеоне одигра добро против Реал, а шефот на црвено-белиот стручен штаб по освоените три бода проговори за еден од стрелците во дербито.

„Јорганџиите“ славеа со 3:1, а сите три гола избраниците на Симеоне ги постигнаа со глава. Двоен стрелец беше Алваро Мората, а Антоан Гризман постигна еден гол.

„За време на мојот престој во Атлетико имавме многу одлични играчи, а Гризман секако е еден од нив. Не му е тешко да игра одбрана и да игра онака како што треба. Затоа тој е еден од нашите најважни играчи“, изјави Диего Симеоне по победата.

Многу навивачи на Атлетико се уште не го простуваат заминувањето на Гризман во Барселона во 2019 година, но 32-годишниот Французин прави се за да ги врати на своја страна.

„Гризман е референтна точка за нашите млади играчи“, изјави аргентинскиот стручњак.

Атлетико продолжува со одличните игри на домашен терен, а последен пат загуби на „Метрополитано“ во јануари годинава. Во следното коло Реал, во среда го пречекува Лас Палмас, а Атлетико ден подцна ќе гостува кај Осасуна во Памплона.

Foto/ EPA

Scroll to Top